Кошарка
Црвена ѕвезда со перфектна последна четвртина го совлада Хапоел
Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја забележаа 16.победа во Евролигата, откако синоќа во Белград пред повеќе од 20 илјади гледачи го совладаа Хапоел Тел-Авив со 87:75.
До триумфот „црвено-белите“ стигнаа по извонредната последна четвртина која ја добија со 25:6. Гостите од Израел во последниот период влегоа со водство од 69:62, но првите поени ги постигнаа дури по седум и пол минути.
Во победничкиот тим најефикасен беше Џордан Нвора со 22 поена, беше најефикасен со 22 поени, кај Хапоел се истакна Крис Џонс со 16 поени.
Резултати на другите натпревари од Евролигата од 26. коло одиграни во текот на вчерашниот ден:
Дубаи – Олимпијакос 108:98 (по продолжение)
Анадолу Ефес – Валенсија 107:90
Жалгирис – Монако 104:87
Макаби – Партизан 95:93
Панатинаикос – Реал Мадрид 82:81
Барселона – Фенербахче 78:82
Баерн – Париз 81:75
Милано – Басконија 109:89.
На табелата води Фенербахче со 18-7 (победи-порази).
февруари 4, 2026

