Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов да не тераше политика, туку синдикална борба за три години ќе имаа 40 посто зголемена плата

Доколку Слободан Трендафилов, татиниот син кој стана претседател на гранков синдикат, исто како неговиот татко, за  подоцна по еден неуспешен избор го преземе ССМ, не тераше инат, овој месец работниците ќе добиеа зголемени плати и за три години ќе имаа 40 посто зголемена плата.

Наместо синдикална борба, татиното синче Слободан реши да тера политика и на ССМ гледа како на политичка партија.

Бидејќи Слободан е мераклија на политички битки, моментално најлесно е тоа да се направи преку нему блиската СДС, каде Зоран Заев, Венко Филипче го постави за в.д. стечаен управник. Барем политичкиот брак кој не се крие, ќе се официјализира.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4