Connect with us

Култура

Струмичкиот театар ја започна новата театарска сезона со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, богата репертоарска понуда за февруари

Народниот театар „Антон Панов“ ја ја започна новата театарска сезона со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски, соопштија од оваа културна установа.

Додаваат дека февруарската репертоарска понуда ги вклучува и претставите „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски, „Мизантроп“ од Молиер во режија на Дамјан Тенев, „Деца на светот“ од Стефан Цанев во режија на Васил Михаил и „Пепелашка“ во адаптација и режија на Кољо Черкезов.

Од НУЦК „Антон Панов“ информираа дека љубителите на филмот ќе можат да го погледнат документарецот Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, филм којшто ја спојува современата реалност со македонската народна легенда.

Покрај овие содржини, од Центарот за култура најавуваат одржување на настани поврзани со Струмичкиот карневал, како што се концертот „Карневалска магија“ и одржувањето на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4