Скопје
Отворен нов наплатен пункт на „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Ѓорче Петров
Отворен е нов наплатен пункт на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Ѓорче Петров. Лоциран е во постоечкиот објект на „Водовод и канализација“ – Скопје, на улица „Ѓорче Петров“, до Тинекс маркетот и ќе работи секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот.
Како што информира претпријатието, пунктот е отворен за да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници. По тој повод директорот на претпријатието Иван Митровски извршил увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.
– Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите, се наведува во соопштението.
Наплатниот пункт во Сарај е затворен.
февруари 3, 2026

