Connect with us

Фудбал

Арсенал заинтересиран за Тонали

Лидерот во Премиерлигата Арсенал е заинтересиран да ги засили своите редови со играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг.

Истиот извор наведува дека лондонскиот клуб неочекувано ги засилил преговорите за трансфер на 25-годишниот италијански фудбалер, откако првичната понуда до Њукасл беше одбиена.

Тонали е во Њукасл од летото 2023 година. Оваа сезона тој има 35 настапи во сите натпреварувања и пет асистенции.
Вредноста на Тонали на трансфер пазарот се проценува 75 милиони евра.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2