Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Сè што треба да знаете за Филипче е дека кога умираа по 100 луѓе дневно во короната, договарал провизии од набавка на вакцини
Сè што треба за Филипче да знаете е дека кога умираа по 100 луѓе дневно во короната, доктор смрт договарал провизии од набавка на вакцини, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на Венко Филипче.
Слушаме Венко Филипче се фалел колку добро владата на СДС се справувала во периодот на короната и енергетската криза.
Благодарејќи на ова добро справување со ковид-пандемијата, според СДС и Филипче, изгубивме безмалку 10.000 наши сограѓани, по 100 на ден, а да не заборавиме дека поради доктор смрт, изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница.
Во ковид-пандемијата желбата за пари на Филипче му светна во очите. Сакаше да договори вакцини по трипати повисока цена од фирма што продава јужноамерикански производи, сакаше да преземе насилно приватна болница со Заев, ѝ делеше тендери на неговата омилена компанија „Пановски“, крвавиот тендер што Филипче сакаше да го протурка вреден 35 милиони евра, непостапувањето во случајот со Онкологија, каде што пациентите добивале физиолошки раствор место лек.
Но да не ги заборавиме и другите економски придобивки од Филипче и СДС во тоа време, како, на пример, „аудито“ на Филипче, подарок од компанијата што добиваше тендери за ископ на јаглен, речиси 9 милиони евра за снабдување на ЕСМ со јаглен завршија во фирма на Заев во Бугарија на истата локација на која и Филипче има фирма. Да не го заборавиме и 50 % зголемувањето на сметките за електрична енергија, кое граѓаните го добија благодарение на одличните политики на СДС и Филипче. Да не ги заборавиме и плацовите во Дојран на Филипче и Заев, каде што изградија фотоволтаици со менување на ДУП-от од страна на нивниот градоначалник. Да не го заборавиме и неговиот другар Васко Ковачевски, кој го искраде ЕСМ и избега, фотоволтаиците за сопругата на Димитар Ковачевски.
Овие одлични политики благодарение на Филипче и СДС придонесоа тој и Заев да купуваат акции во индиска авиокомпанија, да купуваат станови во Дубаи, едниот да гради 42-катница во Дубаи, да возат јахта во вредност од речиси милион евра додека уживаат во скапо приготвените деликатеси на грчката кујна.
Ете ова донесе Филипче заедно со Заев на македонската политичка сцена. Смрт, банкрот и ужас кај народот. СДС, Филипче и Заев – никогаш повеќе.
јануари 29, 2026

