Свет
Си и Стармер се залагаат за продлабочување на соработката помеѓу Пекинг и Лондон
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека со кинескиот претседател Шји Џјинпинг постигнале добар напредок по прашањата за царините, патувањата и миграцијата, со што односите помеѓу двете земји се доведени на „силно место“.
– Навистина постигнавме добар напредок во поглед на царините за вискито, за безвизните патувања во Кина и соработката и размена на информации за илегалните миграции, наведе Стармер по 80-минутната средба со Шји во Пекинг.
На прашањето дали на средбата се разговараше и за поранешниот медиумски тајкун од Хонг Конг и британски државјанин, Џими Лаи, кој во декември минатата година беше осуден за дела против националната безбедност, Стармер наведе дека водела „учтив“ разговор.
Додека Шји посочи дека меѓусебната доверба помеѓу Кина и Велика Британија е темел на трајните односи и оти двете држави треба да ја прошират соработката во повеќе сфери, меѓу кои и образованието и здравството.
Британскиот премиер е во посета на Кина до 31 јануари, а е придружуван од голема бизнис делегација. Тие покрај Пекинг ќе го посетат и Шангај.
јануари 29, 2026

