Connect with us

Останати спортови

Италијанецот Францони победи на спустот во Кицбил

Италијанецот Џовани Францони победи на денешниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека Штрајф во австриски Кицбил.

Францони ја мина патеката во должина од 3.312 метри за 1:52,31 минути, минувајќи прв низ целта со седум стотинки предност пред Швајцарецот Марко Одермат.

Третопласираниот Французин Максенс Музатон заостана 39 стотинки зад победникот.

Францони ја прослави својата втора победа во Светскиот куп на брзата патека Штрајф, откако минатата недела победи во супер-џи трката во Венген.

Францони, кој освои рекордна награда за победата од 101.000 евра (бруто), ја заврши швајцарската доминација во спуст по четирите победи во првите четири трки од сезоната.

Во пласманот во спуст, Одермат е прв со 480 бодови, а Швајцарецот го зголеми и своето водство во генералниот пласман со1.285 бодови.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1