Connect with us

Свет

Протести на белгиските земјоделци во Брисел против договорот со Меркосур

Во организација на Генералниот синдикат на земјоделците (АБС) и Обединетите млади земјоделци (ВЈЛ) денеска во реонот на Атомиумот во Брисел се одржуваат протести на белгиските земјоделци против трговскиот договор на ЕУ со Меркосур, што беше потпишан вчера во Парагвај.

Најавените „големи и мирни“ земјоделски протести започнаа околу 10 часот со движење на колони трактори низ улиците на Брисел, кои се упатија кон Атомиумот.

Организаторите на протестот очекуваат реонот околу Атомиумот да биде блокиран од „стотици трактори“ со што ќе се изрази незадоволство од потпишувањето на договорот со Меркусор, за кој тврдат дека „носи големи ризици за европските земјоделци“ и ја загрозува безбедност на европската храна и промовира нелојална конкуренција.

АБС и ВЈЛ тврдат дека договорот ја загрозува и иднината на европското земјоделство, бидејќи додека земјоделците во ЕУ мора да работат според строги стандарди, увезените земјоделски производи „често се произведуваат според пофлексибилни правила“. Дополнително, според нив, договорот од Меркосур има и последици врз благосостојбата на животните и може да биде штетен за потрошувачите.

Земјоделците бараат политичарите, медиумите и граѓаните да изберат иднина во која ќе биде раскинат договорот со Меркосур и заштитени земјоделството и потрошувачите.

Организаторите воедно ги повикуваат европратениците да осигурат дека „локалната, безбедна и фер храна останува норма“ и да не го одобрат договорот со Меркосур.

– Целта на протестот е да се испрати силна порака без да се вознемируваат граѓаните, порачаа организаторите, повикувајќи ги демонстрантите да не носат пиротехника и да се воздржат од „вандализам и нарушување на јавниот ред и мир“.

Ваквиот апел следи по насилните протести на европските земјоделци на 18 декември во Брисел, при кои беше предизвикана значителна материјална штета и беа уапсени 13 демонстранти.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1