Connect with us

Хроника

Тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец – приведени две лица

Две лица се уапсени по тепачка што вечерва се случила пред ресторанот „Дукат“ во скопската населба Капиштец. Инцидентот се случил на паркингот пред локалот, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, каде веднаш по пријавата интервенирале повеќе полициски екипи.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека случајот е пријавен околу 20 часот во СВР Скопје.

„Во СВР Скопје вечерва во 20 часот е пријавено нарушување на јавниот ред и мир на паркингот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов. По интервенцијата на полициски службеници, лишени од слобода се две лица,“ соопштија од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на мотивите за инцидентот.