Connect with us

Кошарка

Официјално: Црвена ѕвезда го отпушти Сферопулос

КК Црвена ѕвезда се збогува со тренерот Јоанис Сферопулос.

Белградскиот кошаркарски клуб денес преку соопштение ја информира јавноста за раскинување на соработката со грчкиот тренер.

По заедничкиот состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот директор за спортскиот сектор Милан Томиќ, раководството на клубот и актуелниот тренер Јоанис Сферопулос, беше донесена одлука г-дин Сферопулос повеќе да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим на нашиот клуб. Оваа одлука беше донесена само со една цел што ја имаа двете страни – дека тоа е во најдобар интерес на КК Црвена ѕвезда во овој момент, стои во соопштението на Црвена ѕвезда.

Јоанис Сферопулос беше назначен за прв тренер на КК Црвена Звезда на 21.10.2023 година, а во периодот до октомври 2025 година, тој освои четири трофеи со клубот (АБА лига, два купа „Радивој Кораќ“ и првенството на Србија), а минатата сезона тимот стигна и до плејофот на Евролигата.

За време на неговите две години на клупата на Црвена ѕвезда, тој го предводеше првиот тим во 145 натпревари со резултат од 90 победи и 55 порази.

До назначување на нов тренер, Црвено-белите ќе ги предводи Томислав Томиќ.