Connect with us

Тенис

Надал со честитка за Алкараз за триумфот на УС опен

Карлос Алкараз (22.години) ја освои својата седма Грен слем титула, а честитки за успехот стигнаа од сите познати тениски имиња од светот. Меѓу оние кои му честитаа на успехот на Шпанецот е и повеќекратниот освојувач на Грен слем титули и негов сонародник Рафаел Надал.

–  Секоја чест Карлос! Повторно победник на УС опен и тенисер број 1. Честитки за напорната работа во изминатава сезона, напиша на мрежата Х, Надал.

Алкараз број еден беше пред две години, a сега е 37 недела на врвот на тениската листа.