Connect with us

Кошарка

Владата на Грузија богато ќе ги награди кошаркарите

Владата на Грузија донесе одлука за награда на кошаркарската репрезентација за пласманот во четвртфиналето на Евробаскет 2025. Наградата ќе изнесува околу 950 илјади евра (три милиони лари), а секоја следна победа ќе биде наградена со истиот износ, објави премиерот Иракли Кобахидзе. Воедно тој им честиташе на играчите за историскиот резултат.

Ова е за првпат една репрезентација на оваа држава да биде пласирана меѓу осумте на едно европско натпреварување. Исто така премиерот ја истакна и одличната работа на кошаркарската федерација на Грузија.

Репрезентацијата на Грузија во осминафиналето ја елиминираше Франција, а во среда во четвртфиналето ќе игра против Финска.