Кошаркарите на Милвоки не заборавија како Каваи Леонард и Торонто ги прегазија во Источното финале напролет, а кога крилото пристигна во Висконсин со својот нов тим, тие беа повеќе од подготвени.
Даниел Кларк потпиша двомесечен договор со шпанскиот кошаркарски прволигаш Морабанк Андора. За Кларк ова е враќање во клубот во кој играше заедно со Војдан Стојановски пред да дојде во МЗТ.
Хјустон рокетс извојува победа против Торонто репторс во најинтересниот натпревар во НБА лигата, одигран рано утрово. Тексашаните прекинаа серија од три гостински порази по ред.
Трикратниот НБА шампион во последните пет години и минатогодишен финалист, Голден стејт вориорс продолжува со слабите игри оваа сезона. „Воините“ ноќеска загубија од Шарлот и го запишаа четвртиот последователен пораз и вкупно 19. во лигата
Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, после триумфот над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата, рече дека е среќен што победиле на ваков психолошки тежок натпревар.
Американскиот бек Ерон Херис погоди две слободни фрлања на 0,5 секунди до крајот на натпреварот, за драматична победа на МЗТ Скопје Аеродром над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата.
Пелистер го победи вториот тим на МЗТ Скопје, кој во првата лига настапува под името МЗТ Уни банка, со 86:77, во последниот натпревар од осмото коло.
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го пречека Нови Пазар во меч од 10. коло од АБА2-лигата. Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во регионалното натпреварување.
Главниот тренер на Портланд, Тери Стотс изјави дека Пау Гасол ќе биде дел од неговиот стручен штаб
Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден постави рекорд во НБА за прецизно изведени слободни фрлања. „Брадата“ од 24 обиди немаше ниту едно промашување ноќеска на средбата со Сан Антонио