Пелистер го победи вториот тим на МЗТ Скопје, кој во првата лига настапува под името МЗТ Уни банка, со 86:77, во последниот натпревар од осмото коло.

На оваа средба во „Јане Сандански“, се случи нешто што ретко се гледа на терените кај нас, а тоа е еден кошаркар да има двоцифрен број на поени, скокови и асистенции. Овојпат трипл-дабл направи Адем Мекиќ од Пелистер, кој против младите „штркови“ имаше 21 поен, 12 скока и 11 асистенции.

За Пелистер, ова е трета победа сезонава, додека МЗТ Уни банка нема победа. Следното коло во првата кошаркарска лига се игра во претстојниот викенд, а двојките: Куманово – Еуро Никел, Пелистер – Гостивар, Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром, Работнички – Кожув и МЗТ УБ – Вардар.


Администратор
05/12/2019 00:08