Стратегот на Кливленд, Кени Аткинсон, е прогласен за најдобар тренер во НБА лигата во сезоната 2024/2025, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Аткинсон (57) го презеде Кливленд минатата година, предводејќи го тимот оваа сезона во регуларниот дел до првото место во Источната конференција со 64 победи и 18 порази.

Аткинсон тана третиот тренер на Кливленд кој е прогласен за тренер на сезоната по Били Фич (1975/1976) и Мајк Браун (2008/2009).

Второто место му припадна на тренерот на Детроит, Џеј Би Бикерстаф, а третото на Име Удока од Хјустон.