Кошаркарите на Милвоки не заборавија како Каваи Леонард и Торонто ги прегазија во Источното финале напролет, а кога крилото пристигна во Висконсин со својот нов тим, тие беа повеќе од подготвени.

Јанис Антетокумпо на својот 25-ти роденден забележа 27 поени и 11 скокови, а Крис Мидлтон постигна уште 17 за да им овозможи на Бакс да ги надминат Л.А. Клиперс со 119-91.

Тоа беше 14-та последователна победа за тимот, кој со биланс од 20-3 го дели првото место во Лигата со Л.А. Лејкерс. Домаќините доминираа од почеток, поведувајќи со 30-15, а по 35-19 во третата четвртина решија сè. Во еден момент разликата достигна 41 поен.

– Не можевме да најдеме подарок за Jaнис, па решивме да му го подариме натпреварот. Бевме едноставно ужасни, рече тренерот на тимот од Калифорнија, Док Риверс, чиј тим го испратија навивачите со скандирање: „Преценети!“.

Гостите постигнаа само 35% од шутот од игра и направија 21 грешка, што значеше дека не може да се надеваат на ништо позитивно. Сепак, со скор од 16-7, тие се на четвртото место во пласманот на Запад.

Други резултати:

Кливленд – Орландо 87:93 Детроит – Орландо 108: 101 Шарлот – Бруклин 104: 111 Мајами – Вашингтон 112: 103 Чикаго – Голден Стејт 98: 100 Оклахома Сити – Минесота 139:127 (прод.) Бостон – Денвер 108:95 Сан Антонио – Сакраменто 105:104 (прод) Портланд – Л.А. Лејкерс 113: 136.


Администратор
08/12/2019 01:42