Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Гркот Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7: 3) во финалето на турнирот во Акапулко, Мексико
Петра Влхова го освои денеска шестото место во трката во слалом во швајцарскиот центар Ленцерхајд, што на словачката скијачка и беше доволно за освојување на големиот кристален глобус во Светскиот куп
Кинеската атлетичарка и носител на титулата светски првак од 2017 година Јанг Џијау постави денеска нов светски рекорд во брзо одење на 20 километри со време од 1:23:49
Организацискиот одбор на Олимписки и Параолимписки игри донесе денеска конечна одлука да забрани влез на странски навивачи на двете големи спортски манифестации што од крајот на јули до почетокот на септември ќе се одржат во Токио поради пандемијата на коронавирус
Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, кој ќе започне следната недела.
Претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Горан Милковски имаше работен состанок со амбасадорот на Јапонија во земјава, Н.Е. Хиронори Савада, информираат од КФМ.
Организаторите на најголемиот светски тениски турнир Вимблдон соопштија денеска дека влезниците за овогодишното издание, место на билетарите како досега, ќе се продаваат преку интернет и нивниот број ќе биде редуциран.
Креативниот директор на Олимписките игри (ОИ) во Токио, Хироши Сасаки, поднесе денеска оставка поради навредливи коментари на адреса на познатата јапонска комичарка Наоми Ватанабе поврзани со нејзината телесна тежина.
Шесткратниот светски првак во снукер Рони О”Саливен апелираше сите присутни на натпреварите од Светскиот куп во Шефилд да бидат вакцинирани, споделувајќи со јавноста детали од застрашувачкото искуство со коронавирусот на неговата мајка.
Поради лажните вести дека боксерот Марвин Хаглер починал од антиковид вакцина, неговата сопруга Кеј Хаглер ги одрече тие наводи