Организаторите на најголемиот светски тениски турнир Вимблдон соопштија денеска дека влезниците за овогодишното издание, место на билетарите како досега, ќе се продаваат преку интернет и нивниот број ќе биде редуциран.

Вимблдон е прочуен и поради тоа што дел од навивачите за да купат влезница кампуваат преку ноќта во редици пред влезот во „All England club“. Причина за одлуката да се укине традиционалниот начин на продажба на влезници е стравувањето на организаторите дека долгите редици пред билетарите е опасно за ширење на заразата со коронавирус.

-Во овој момент, најверојатно е дека овогодишниот турнир ќе се одржи со намален број на гледачи на сите терени. Од таа причина, датумот за конечната одлука околу максималниот број гледачи на кои ќе им биде дозволено да ги следат натпреварите ќе го пролонгираме колку што е можно подолго, а во согласност со тоа ќе ја прецизираме и дистрибуцијата на картите. Имајќи превид дека мерките за социјална дистанца, најверојатно, ќе продолжат, како и поради нашата загриженост за здравјето на луѓето, оваа година нема да има редови пред продажните места за билети, соопштија организаторите на Вимблдон.

Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на Ковид-19.


Администратор
18/03/2021 23:01