Општина Велес вклучена во меѓународен проект за заштита на културното наследство
Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Проектот го спроведуваат француските пријатели на Општина Велес, Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени шест француски градови, осум македонски и два албански градови.