Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Проектот го спроведуваат француските пријатели на Општина Велес, Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени шест француски градови, осум македонски и два албански градови.

Со Проектот, чија координација е започната во Велес како седиште на асоцијацијата на градови од нашата земја со архитектонско наследство од македонска страна управува ЗЕЛС во кој е интегрирана нашата асоцијација.

На денешната прес-конференција велешкиот градоначалник Аце Коцевски информира дека целта на проектот, кој ќе трае до крајот на годинава, е зајакнување на капацитетите на градовите за заштита на културното наследство со активности во три области: Попис на културното наследство, сигналитика и медијација.

– Во рамките на проектот веќе се реализирани два значајни меѓународни онлајн конференции за размена на знаења и искуства помеѓу општинските архитекти и стручните национални институции за културно наследство во трите земји,појасни Коцевски. Освен во Велес, во земјава проектот ќе се реализира и во Берово, Битола, Кавадарци, Кратово, Куманово, Охрид и Штип, рече Коцевски.


Администратор
12/05/2021 23:57