СКРМ и СОНК ќе го тужат Министерството за култура поради прекршување на колективниот договор
Чувствуваме потреба да ѝ соопштиме на јавноста дека како договорни страни во колективниот договор за културата и репрезентативни синдикати во културата, СКРМ и СОНК, испративме опомена пред тужба до Министерството за култура, кабинет на заменикот министер, поради прекршување на одредбите за плата од колективниот договор потпишан на 30.12.2019 г. и објавен во Службен весник бр. 10 од 16.01.2020 г