Вториот исклучок каде што ќе се организира настава со физичко присуство се училиштата со мал број ученици во средини со стабилна епидемиолошка состојба. На барање на општините односно основачите на улилиштата ќе им се дава согласност, откако барањата ќе се разгледаат во министерствата за здравство и за образование и во Владата, И тука ќе има можност за согласност на родителите, истакнаа на прес-конференција денеска министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбр Адеми.

– И покрај крајната цел децата да се вратат во училиштата, се додека сме соочени со вирусот, мора максимално да бидеме свесни и внимателни да се намали ризикот и образовниот процес да биде безбеден за децата, наставниот кадар и за семејствата. Образвнието е неспорно, но не треба да го занемариме здравствениот аспект и ризикот од трансмисија во училиштата, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми посочи дека најмалите ученици ќе следат настава со присуство во училниците и поради важноста на нивниот социоемоционален развој.

-Освен овие два исклучока, ученици од прво до трето одделение и училишта со мал број ученици, за другите ученици наставата ќе биде онлајн со двонасочна комуникација. Продолжува да се надградува платформата Едуино.мк, на која се ставаат видеолекции и ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма за првото полугодие и тримесечје. Во меѓувреме, со Министерството за информатичко општество и администрација се работи на унифицираната национална платформа за учење од далечина, рече Адеми, нагласувајќи дека ова било тешка одлука и донесена низ бројни консултации и со инклузивен пристап за најбезбедно решение.

Додаде дека за почетокот на учебната година и за наставните часови, за кои се подготвени предлози да траат по десет минути пократко од регуларните (30 минути во основно и 35 минути во средно образвание) дека треба да се направат измени на законите за што е потребно да функционира Собранието.