Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен двигател на промените кои следат
Има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, владата прави криминални иновации, тендери кои завршуваат во приватни џебови и сетоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните. Повисоките даноци нема да ги зголемат приходите туку ќе го отповарат стопанството, ќе има можно зголемување на цени, а воедно се праќа негативна порака и до стопанствениците и инвеститорите.