Полицијата во Малага уапси 19-годишно машко лице поради наводни смртни закани упатени преку социјалните мрежи кон шпанскиот репрезентативец Алваро Мората (32) и неговото семејство.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Мората и неговото семејство биле цел на смртни закани поради промашениот пенал во неодамнешното финале на Лигата на нации против Португалија.
Португалија ја освои Лигата на нации откако ја победи Шпанија со 5-3 на пенали, а Мората беше непрецизен во четвртата серија.
„Разбирам дека ме критикуваат што не постигнав гол, но сакам луѓето да се стават во моја позиција. Тие не знаат какво е чувството да добиваат закани како мене и да читаат „Се надевам дека вашите деца ќе умрат“, изјави Мората за шпанските медиуми.