Реал Мадрид вечерва ја победи Барселона со 2:1 во дербито од 30. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Карим Бензема го отвори резултатот во 13. минута. Тони Крос во 28. минута го удвои водството на домаќините. Во 60. минута каталонскиот клуб намали преку Оскар Мингуез.

До крајот двете екипи имаа по неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

Реал со 66 бода се искачи на лидерското место на табелата во Ла Лига пред Атлетико Мадрид кој има ист број на бодови и натпревар помалку. Барселона е трета со 65 бода. зс/

2021-


Администратор
11/04/2021 01:05