Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПро) побара врз основа на експертски извештај воведување дванаесет заштитни мерки за здравјето на фудбалерите, вклучително и осумнеделна пауза помеѓу сезоните.
„ФИФПро повикува на итна имплементација на заштитни мерки засновани на докази за заштита на фудбалерите, се наведува во соопштението објавено пред почетокот на Светското клупско првенство кое стартува в сабота во САД.
Студијата, спроведена од 70 експерти кои соработуваат со клубови и национални тимови, идентификуваше „дванаесет консензуални безбедносни стандарди“, вклучително и обезбедување осумнеделна пауза за професионалните играчи помеѓу сезоните – четири недели одмор, две недели без какви и да е обврски, медиумски или други, а потоа четири недели закрепнување.
Ова лето, помеѓу крајот на Светското клупско првенство и стартот на новата европска сезона во август, играчите нема да имаат толку многу одмор. На пример, во Франција, играчите на ПСЖ ќе имаат само четири до пет недели одмор.
Синдикатот предлага воспоставување други заштитни мерки како што се задолжителна еднонеделна пауза во средината на сезоната, земајќи ги предвид потребните обемни патувања, воведување минимален неделен ден за одмор и специфични гаранции за работното оптоварување на играчите под 18 години.