Приходите на европскиот фудбалски пазар во сезоната 2023/24 изнесуваа рекордни 38 милијарди евра, што е за осум проценти повеќе во споредба со претходната сезона (35,3 милијарди евра во сезоната 2022/23), покажува најновиот годишен извештај на консултантската компанија „Дилојт“ за финансиската состојба во светот на фудбалот.
Таканаречените пет најдобри лиги (Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига, Серија А и Лига 1), остварија приходи од 20,4 милијарди евра, односно забележаа раст од четири проценти и приходи што за прв пат надминаа 20 милијарди евра.
Според анализата на „Дилојт“, вкупните приходи на петте најсилни лиги ќе надминат 21 милијарда евра во сезоната 2024/25. пред нивниот раст да запре во сезоната 2025/26, главно поради моменталната неизвесност во врска со договорите за телевизиските права што француската Лига 1 треба да го потпише за новата сезона. Клубовите од Премиер лигата повторно остварија најголеми приходи меѓу петте најголеми лиги, инкасирајќи вкупно 6,3 милијарди фунти, или четири проценти повеќе од претходната сезона.