Ракометатите на Вардар вечерва во Скопје ја забележаа првата победа во новото издание на Лигата на шампионите против германски Фленсбург со 31:26 (17:15) во чертвртото коло од елитното ракометно натпреварување.

Иако Фленсбург пристигна во Скопје со десеткуван тим, вардарци одиграа одлично во СЦ „Јане Сандански“ и го нанесоа првиот пораз во Лигата на шампионите на Германците оваа сезона.

„Црвено-црните“ водеа речиси во текот на целиот натпревар, одиграа добро во одбрана и речиси не го доведоа во прашање крајниот исход од дуелот.

Најдобар кај победникот беше Стојанче Стоилов со осум гола, додека Дисингер и Јотиќ постигнаа по четири гол.

Вардар по два одиграни натпревари е на шестото место на табелата со 2 бода, додека Киелце по 4 одиграни меча е на врвот со 6. Фленсбург е на второто место со истиот скор.

Следен противник на скопскиот тим е португалскиот Порто, а дуелот на 22 ноември повторно ќе се игра во „Јане Сандански“ .


Администратор
15/10/2020 23:48