Нерешено 26:26 заврши вечерашниот дерби натпревар во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и Вардар.
Ова беше дуел од 6. коло во плејофот во Суперлигата по кое Вардар и Пелистер се израмнија на врвот со по 13 бода.
Највисоката предност за Алкалоид изнесуваше три гола и беше остварена во почетните минути на првото полувреме, додека вардарци „прокоцкаа“ +4 во второто полувреме, па се чини дека нерешениот резултат е најреален исход.
Алкалоид е трет на табелата со девет бода и само со теоретски шанси да дојде до трофејот