Марио Балотели ја донесе победата на Бреша над СПАЛ и рече: „Сè што сакам е да ја спасам Бреша“.

– Моравме да страдаме многу за оваа победа, но време беше да победиме. Се обидовме и бевме многу блиску до успех и во други мечеви, но сега сакаме да настапиме уште подобро до Божиќ. Секогаш е убаво да се постигнуваат голови, особено пред домашните навивачи, рече Балотели.

Напаѓачот призна дека се уште има надежи дека ќе игра на Европското првенство следната година.

– Секој сака да игра на турнир како овој, но во моментов, сè за што мислам е да ја спасам Бреша. Тоа беше мојот 50-ти гол во Серија „А“. Јас го посветувам на моето дете, додаде Супер Марио.


Администратор
09/12/2019 10:02