Претседателот на Република Албанија, Илир Мета му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Републка Северна Македонија.

Мета во телефонскиот разговор со Пендаровски честитајќи му го изборот искажал убедување во одличната соработка во иднина не само меѓу двете земји,туку и за зајакнување на евро-атлантската перспектива на регионот.

Инаку, албанските медиуми во континуитет денеска известуваа за вторит круг од претседателските избори во Република Северна Македонија.

Посебен акцент ставија на мирната,фер и демократска атмосфера, а вечерва и за исполнетиот цензус и „клучната улога на Албанците во изборот на новиот претседател“.


Администратор
05/05/2019 22:49