Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска упати честитка до Стево Пендаровски по повод изборот за претседател на Република Северна Македонија со очекување дека ќе воспостават добра соработка во сите области од заеднички интереси, Јави ТАНЈУГ.

Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка, се наведува во честитката на Вучиќ.

Српскиот претседател истакнува и дека „очекува посебно да се поттикне соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а за добробит на граѓаните на нашите две земји“.


Администратор
07/05/2019 03:49