Во Општина Велес до 18:30 часот на гласање излегле 28,18 отсто или 12.994 избирачи од вкупно запишаните 46.110 на Избирачкиот список.

- Гласањето го следеа домашни набљудувачи од МОСТ и странски набљудувачи од ОБСЕ, а тоа беше во демократска и фер атмосфера, потврди за МИА, Лили Велковска, претседател на ОИК Велес.

Гласачките места беа затворени точно во 19 часот.


Администратор
30/09/2018 20:00