Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред се, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажа „јасен сигнал за поддршка“ на решението за спорот околу името со Грција. И австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел е уверен дека референдумот ќе води кон решение.

Блимел оцени дека станува збор за историска шанса за Македонија и целиот регион, како и за патот кон ЕУ.

Во изјава за австриските медиуми, Блимер истакна дека Австрија јасно го поддржа ова решение.

Иако одѕивот на граѓаните беше помал отколку што очекувала, Карин Кнајсел порача дека сега на институциите останува да го преземат следниот чекор што ќе води кон пристапните преговори со ЕУ.


Администратор
02/10/2018 11:45