Британската компанија „Кембриџ Аналитика“ почнува постапка за стечај и веднаш ги запира сите активности, јавија светските медиуми.
Мајк Помпео денеска официјално ја презеде должноста американски државен секретар, на свечена церемонија одржана во Стејт департментот на која присуствуваше и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Кинескиот вицепремиер Лиу Хе, кој се смета за водечки економски советник на претседателот Си Џинпинг, неделава ќе се сретне со висока американска делегација во Пекинг.
Американскиот производител на авиони Јунајтед Технолоџиз очекува да добие согласност од Европската Унија за спојување со авионската компанија Роквел Колинс со што се очекува создавање на нов гигант во индустријата кој би можел да се натпреварува со Боинг и Ербас.
Кина повика на почитување на меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран по последните обвинувања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за активностите на Техеран по склучувањето на договорот.
Европската комисија предложи нов Нацрт-буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, со која се предвидува издвојувањето на земјите членки на Унијата за заедничката европска каса да се зголеми од еден на 1,114 проценти од националните БДП.
Баскиската сепаратистичка организација пред две недели се извини за злото кое го нанесе на жртвите и членовите на нивните семејства за време на речиси 50-годишната вооружена борба за независност на Баскија, во северна Шпанија и југозападна Франција.
Премиерот на Данска, Ларс Локе Расмусен го реконструираше својот кабинет, а меѓу новите членови на Владата е и ѕвезда на деловното реално шоу.
Во изјавата по повод 3 мај - Светскиот ден на слободата на медиумите, Могерини нагласува дека слободата на изразивање и на медиумите е загрозена насекаде ширум светот.
На рафинериите за нафта во Европа сé повеќе им недостига руската нафта, бидејќи Русија, еден од најголемите светски производители, големи количества од црното злато ги насочува кон Кина.