Американскиот производител на авиони Јунајтед Технолоџиз очекува да добие согласност од Европската Унија за спојување со авионската компанија Роквел Колинс со што се очекува создавање на нов гигант во индустријата кој би можел да се натпреварува со Боинг и Ербас.

Јунајтед Технолоџиз, чиј најпознат продукт се авионските мотори Прат Витни, минатиот септември понуди 23 милијарди долари за Роквел Колинс. Спојувањето на компаниите од Конектикат и Ајова подразбира добивање согласност од регулаторните тела во САД и во ЕУ. Боинг ги повлече своите првични забелешки за оваа зделка, со што се отстрани една од големите пречки на патот на спојувањето на двете конкурентски компании, но Ербас останува скептичен.