Мицкоски во посета на охридски компании и на средби со занаетчии, просветни работници
– Стана збор и за царинските давачки што им се товар на економските субјекти, парафискалните давачки, процедурите, но истовремено разговараме и за најсериозниот проблем и предизвик на сите работодавачи, а тоа е недостигот квалитетна работна сила, рече Мицкоски.