Коментирајќи ја последната акција на Министерството за внатрешни работи, која попладнево се случи во општина Сарај во која се приведени неколку лица како дел од меѓународен ланец на трговија со дрога, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е таа што во текот на целиот мандат јавноста не слушна за акција против криминалците од страна на Спасовски за разлика од сега кога со МВР раководи Чулев кој по еден месец спроведе акција за заплена на дрога и уапси неколку барани криминалци со потерница.

- Во Македонија поевтино беше кило кокаин отколку да купиш пијачка. Краен нарачател е лице од Македонија, утре министерот ќе излезе со детали. Факт е дека три години не се фаќаше кокаин и се продаваше на улица. Вака како што имаме кокаин во овие три години никогаш немало во Македонија. Можеше да се најде на секој чекор, во секој агол. Улиците беа преплавени со кокаин, истакна Николоски.