Во вечерашниот ТВ дуел на Топ Тема помеѓу потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека со разрешувањето на министерката Мизрахи целосно е нарушен концептот на пржинска влада согласно Законот и дека 15.000 вработувања не укажуваат на тоа дека се води фер политичка предизборна борба.

-Во однос на кампањата, стартот е многу лош се дерогира моделот на техничка Влада. ВМРО-ДПМНЕ требаше да има два министри во таа Влада, но сега за жал беше разрешена министерката за труд и социјална политика. Тоа не е во духот на договорот затоа што секогаш мнозинството може да менува министри од опозицијата, затоа што опозицијата нема мнозинство и во таа насока можевме истото да го пресликаме во 2016-тата година кога опозицијата тогаш СДСМ, повеќе од една година беше застапена во техничката Влада заради одлагањето на изборите па никој не помисли на таква работа. Така да разрешувањето на министерката е голем удар на кредибилитетот на изборите. Втор удар на кредибилитетот на изборниот процес се илјадниците вработувања кои се случија откако започна со работа техничката Влада и во услови на практично предизборие во тие 100 дена. Трета работа е сосотојбата во кое функционира МВР, вели Николовски.