Николоски: Не не послушаа кога предложивме да се земат кредити, сега пари нема а тие што се на располагање се „скапи“ пари
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека кризата предизвикана од коронавирусот нема да го погоди само приватниот сектор туку и администрацијата, бидејќи преку даноците кои ги плаќа приватниот сектор се финансира јавната администрација.