Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за емисијата Јади Бурек истакна дека власта е подготвена и да лажира тестови само да ги оствари личните и партиски интереси. Како пример го посочува случајот со Куманово, каде што вели дека тоа е лакрдија со цел кој да биде поголем локален шериф во еден од најголемите градови во Македонија.
- Граѓаните се сведоци на случувањата во Куманово. Таму се случува лакрдија со лажирани резулати за градоначалникот затоа што таму постои битка помеѓу Оливер Спасовски и Максим Димитриевски, двајцата се од Куманово и се борат кој да е локален шериф и во таа битка толку брутално отидоа што биле лажирани тестови за градоначалникот на Куманово дека наводно е позитивен, а човекот не е позитивен
Кога се спремни да лажираат тестови тие се спремни на се, додава Николоски.