PR пропагандата и дворските игри им се најважните работи на претставниците на власта во оваа корона - криза. Наша работа е да критикуваме но и да се обидеме на пошироката јавноста да и ја доловиме сликата од терен која не е онаква како што владата на прес-конференции сака да ја претстави, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата Јади Бурек.

-Јас многу често зборував и за Прилеп и за Куманово. Во Прилеп имате ноќеска 4 смртни случаи, секој ден има луѓе кои што умираат таму, секој ден има нови заболени. За тест да направите во Прилеп не е дозволено да се прават повеќе од 10 дневно значи не смеат да се земат повеќе од 10 брисеви дневно. За резултат се чека помеѓу 5 и 7 дена, во тие 5 до 7 дена можат да се развијат симптоми, може да се влоши ситуацијата, а за жал може да се изгуби и животот. Зошто не отишол Венко Филипче кој секој ден држи пресови во Прилеп да се види со луѓето , да поразговара со нив и тие да му кажат што мислат за пресовите.Имаше и случај каде се чекаше 5 до 7 дена и имавме такви неколку случаи обелоденети во битолската клиничка болница која е регионална болница целиот регион вклучувајки го и Прилеп, истакна Николоски.

Пред некој ден објавија дека направиле околу 700 тестови но тоа беше само еден ден. Сите денови подоцна повеќе од 300 теста немаат направено, додава Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели и дека не бил прифатен нивниот предлог за тестирање на поголем број на граѓани пред се поради тоа што во Македонија нема доволно тестови па власта калкулирала со тестирањето.

- Во Прилеп ние предлагавме да се тестираат преку 10 000 луѓе , во Куманово исто така предлагавме да се тестираат преку 10 000 луѓе, но нема тестови и тоа е основниот проблем што не се тестира. Вториот проблем кој е полош од првиот проблем е што резултатите стигаат многу доцна. .