Живковиќ: Нема да дозволиме злоупотреба на мерките за помош, тие се за спас на работните места погодени од кризата со коронавирусот
Го дочекавме празникот на трудот, Први мај, во услови како никогаш досега. Целиот свет се бори со невидливиот непријател наречен Ковид-19. Прекинати се работните процеси на голем број на фирми - милиони работнички и работници ширум светот седат дома и се придржуваат на правилата за социјално дистанцирање