Откако јавноста жестоко реагираше на брусењето на Вергината на плоштадот во Крива Паланка за време на полициски час, со своја раакција излезе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој во својот статус вели дека и колку власта да се обидува да го корне и да го бруси, Вергината никогаш не може и нема да исчезне.

- Го гребат затоа што имаат нечиста совест, го корнат затоа што мислат дека ќе го нема. Но сонцето утре пак ќе изгрее, а во химната стои: Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.