Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како двајца работници за време на полициски час со брусилица го вадат Сонцето од Кутлеш поставено на плоштадот „Карпошово Востание“ во Крива Паланка со своја реакција излезе и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Во време на полициски час го „дезинфицираат” плоштадот во Паланка. Македонија е вирус за кој немате вакцина!, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на Фејсбук.