Започна со работа ликовното атеље ,,Љубомир Белогаски” во Делчево
Во Делчево започна со работа ликовното атеље ,,Љубомир Белогаски”. Идејата за започнување со работата на ликовното атеље, како што информираше Методи Толевски, директор на Центарот за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” се реализира по повеќе од 10 години кога првично била начната идеја за негово функционирање како дел од работата на Центарот за култура.