Кандидатот за градоначалник на Интегра-Македонска конзервативна партија, Симон Поликарп на денешната прес-конференција истакна дека во изминатите 20 години во штипскиот регион, но и на територијата на целата држава работел макотрпно за оставрување на целите на фондацијата, а посебно се согласува со мислењето на еден мудар човек, дека најскапоцениот подарок на еден човек на кој му треба помош е времето на тој што сака да му помогне.
-Изминатите 20 години моето време го посветив на нашиот народ, во различни форми, облици и места. На пример жена на едно семејство ми се обрати и ми рече бевме секаде и нема кој да ни помогне, вели Поликарп.
Тој и фондацијата која какошто рече е христијанска му помогнало на семејството да се обезбедат потребните пари за нивното дете за операција на очите. Донации имале и за децата со аутизам, а со нивна помош се изградени две училници, каква што е во штипското училиште „Ванчо Прќе“. Фондацијата за којашто работи Поликарп донирале и возила за лицата со посебни потреби во Демир Капија и Демир Хисар. Забележува дека за помошта која ја дава фондацијата, за којашто работи може да зборува и до утре.
-Ако ми го дадете вашиот глас и доверба уште повеќе од тоа што ви го кажувам ќе направиме за градот Штип и за селата. Бевме и во селата, носевме лекари за бесплатни прегледи во турските села во штипско, вели Поликарп.
Донирале и во реконструкција на училиштето, изградиле и современ тоалет, а исто така на децата од ова село им изградиле и опремиле спортско игралиште.
На денешната прес-конференција се обрати и претседателот на Интегра-Македонска конзервативна партија, Љупчо Ристовски, кој истакна дека и на овие предвремени избори за градоначалник на Штип излегуваат со иновативни проекти, какошто се концертната сала, Студентскиот град, Геотермалната зона во близина на Кежовица, а освен бањскиот туризам предвидуваат и агро берза, која ќе ги откупува земјоделските производи. Ристовски ги повика штипјани да излезат и гласаат на 13 декември за нивниот кандидат, Симон Поликарп.