На петти март се отвора сезоната на културни настани во Кичево
По речиси тримесечна пауза, на петти март ќе стартува сезоната на културни настани во Кичево. Во истиот термин во Центарот за култура „Кочо Рацин“, ќе биде отворена изложбата на доајенот на ликовната уметност од Струга, Лубе Алексоски, кој 40 години се дружи со боите и четките, а во Кичево ќе се претстави со изложбата под работен насло „Голема мајка“.