Според објавениот конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во државава, за попишување во општините од крајниот североисток може да аплицираат вкупно 91 лице.
За ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори во периодот од 1 до 21 април 2021 година за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за подрачјето на општините Kрива Паланка и Ранковце може да аплицираат вкупно 62 лица, од кои педесет и шест реонски попишувачи и шестмина реонски инструктори. За реализација на пописот во Kратово, пак, со јавниот повик се предвидува да бидат ангажирани 29 лица.
Пријавувањето на заинтересираните кандидати се врши електронски, со пријава достапна на веб-страниците: www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
По пријавата, кандидатите треба да достават и придружна документација по пошта на адресата на Државниот завод за статистика, најдоцна до 1 март 2021 или на денот на закажаното тестирање.
Потребниот број попишувачи и реонски инструктори што ќе се избира по пописни реони, според јазикот на кој ќе се врши попишувањето.